СПМГ е компанија која обезбедува високо професионални консултантски услуги во доменот на деловен менаџмент и управување со финансии. Тимот на професионалци на СПМГ помага на локалните фирми по прашањата за менаџмент, бизнис стратегија, маркетинг (вклучувајќи и примарно истражување на пазарот), корпоративно управување и управувачко сметководство. Исто така, СПМГ спроведува и длабинска анализа на компании, дијагностички студии и индустриски анализи, како и давање совети за преструктурирање и реорганизација. Делот на управувањето со финансии опфаќа посредување во преговори на локалните фирми со потенцијалните стратешки и финансиски инвеститори од земјата и странство.

СПМГ и СПМГ Цапитал се компании регистрирани во Р. Македонија.

СПМГ Цапитал е друштво за управување со приватни инвестициски фондови и управува со два приватни инвестициски фондови (Small Investment Fund – SIF и Микро Инвестициски Фонд – МИФ). Фoндовите имаат реализирано инвестиции од различна големина: во микро, мали и средни претпријатија, во големи компании, вклучувајќи и инвестиции во „start up” компании и компании кои се во рана фаза од својот развој во веќе постоечките индустрии, во широк опсег на сектори. Фондовите кои што се управувани од СПМГ Цапитал се активен партнер во фирмите каде што се инвестира, при што инвестицискиот тим помага на менаџментот во донесувањето на клучните одлуки, како и во креирањето на стратегијата за развој.