Ние сме компанија која управува со „Микро инвестицискиот фонд“ (МИФ) кој вложува во микро и мали просперитетни бизниси со визија за брз раст при што стануваме нивен активен финансиски партнер.
Микро Инвестицискиот Фонд (МИФ) може да стане ваш партнер преку инвестирање во вашето претпријатие и да овозможи дополнителна стручна поддршка за менаџментот. Инвестициската рамка со која располага МИФ е до 85.000 евра по инвестиција во компании кои исполнуваат соодветни критериуми.