Нашиот тим

Dejan-Kalinikov-Managing-Director-Skopje-222x282

Дејан Калиников, генерален директор.

Г-динот Калиников има повеќе од 10 години искуство во инвестицискиот сектор, поточно во американскиот инвестициски фонд СЕАФ, каде што во моментот ја извршува и функцијата генерален директор на фондот СЕАФ Македонија II. Во периодот од 2009 до 2011 година, г-динот Калиников беше главен оперативен директор и член на бордот на директори на телекомуникацискиот оператор Оне и претседател на бордот на директори на Оне-то-Оне (поранешен Германос), членки на групацијата на Телеком Словенија во Македонија. Неговото долгогодишно професионално искуство вклучува работа во Lucent Technologies, Македонски Деловен Центар и во неколку компании од ИТ индустријата во Македонија. Тој е почесен член на бордот на директори на Американската Стопанска Комора во Македонија (извесно време бил и претседател на истиот борд). Г-динот Калиников бил член на Комисијата за котација при Македонската Берза на хартии од вредност, член на Националниот Комитет за претприемништво и иновации, бил член на работната група за креирање на Национална стратегија за информатичко општество на РМ, и е актуелен член на управниот одбор на Институтот за директори.

Г-динот Калиников има магистратура по деловна администрација со фокус на финансии и стратегија, стекната на Emory универзитетот во САД, како и диплома на инженер по електротехника во доменот на информатички технологии од Електротехничкиот Факултет при УКИМ, Скопје. Тој течно го говори англискиот јазик како и словенските јазици кои се зборуваат на Балканот.

Tanja-Veljkovic-Vice-President-Skopje-222x282

Татјана Вељковиќ, советник за инвестиции. 

Таа е финансиски консултант, специјалист во полето на управување со ликвидност со повеќе од 20 годишно работно искуство во областа на финансии и сметководство, од кои 10 години искуство во инвестицискиот сектор, поточно во американскиот инвестициски фонд СЕАФ. Нејзиното претходно работно искуство вклучува работа како финансиски консултант на проект на УСАИД во Македонија (Македонски Деловен Центар), како и работа како независен финансиски консултант и надворешен финансов директор во неколку локални старт-ап компании. Од 2009 до 2011, г-ѓа Вељковиќ ја извршуваше функцијата Финансов Директор во Оне, втор по големина телеком оператор во Република Македонија. Исто така, во периодот помеѓу 2011 и 2016 година таа беше државен советник за деловна клима во Кабинетот на Вицепремиерот на Владата на Република Македонија задолжен за економските прашања. Во моментов г-ѓа Вељковиќ е ангажирана и како инвестициски советник во СЕАФ Македонија.

Г-ѓа Вељковиќ дипломирала на Економскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, отсек деловна економија. Таа ги говори англискиот јазик и словенските јазици кои се зборуваат на Балканот.

Maja-Zafirovska-Skopje-222x282

Маја Зафировска, финансиски аналитичар. 

Г-ѓа Зафировска се приклучи кон СПМГ на почетокот на 2007 година. За време на нејзиниот професионален ангажман, таа има учествувано во разновидни проекти, учествува во активности за изнаоѓање на потенцијални инвестиции, нивна длабинска анализа, изработување на различни финансиски модели и слично. Таа има претходно (4 годишно) работно искуство во Текнокс Машинери – застапништво на Caterpillar, каде што работела во административно-финансискиот сектор.

Г-ѓа Зафировска дипломирала на Технолошкиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, отсек прехранбена технологија. Таа ги говори англискиот јазик и словенските јазици кои се зборуваат на Балканот.

Elena Ovnarska

Елена Овнарскаглавен сметководител во СПМГ, СИФ и МИФ

Г-ѓа Овнарска започна со работа како главен сметководител веднаш откако беше формиран SIF. Пред СПМГ, г-ѓа Овнарска работи повеќе од 6 години како главен сметководител во Датапонс–една од водечките македонски печатници. Од 2000 до 2001 година работи во Веро – втор по големина ланец на супермаркети во Македонија – како асистент на Финансовиот директор. Г-ѓа Овнарска дипломирала на Економскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Таа е во фаза на завршување на постипломските студии на Економскиот факултет (насока: Сметководство и Ревизија) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Надворешни советници:

СПМГ има широка мрежа на надворешни советници од областа на маркетингот, правото, ревизијата и индустриски експерти од различни области.

СПМГ
Орце Николов бр. 188-2/4
1000 Скопје, Македонија

Тел.: (+389 2) 3217 026; 3217 027
Факс: (+389 2) 3217 025
e-mail: info@spmg.com.mk