Смалл Инвестмент Фонд (СИФ)​

Портфолио

king logo

Октобер

Во Ноември 2007 година СИФ ја направи својата прва инвестиција во Октобер, компанија за производство и дистрибуција на различни видови на санитетски производи под брендот “Кинг”, како и производи за хигиена и чистење во домаќинството под брендот “Gente di mare”. Во Мај 2015 година, Октобер го откупи уделот на СИФ во компанијата.

ИНет

Во Ноември 2008 година СИФ ја направи својата втора инвестиција во Инет, македонскa компанија за дистрибуција на ИТ опрема и софтвер, со портфолио на производи на реномирани компании Lenovo, Red Hat, Autodesk, Trend Micro и др. Во Август 2017 година, ИНет го откупи уделот на СИФ во компанијата.

Urban Invest logo

Урбан Инвест

Во Февруари 2009 година СИФ ја направи својата трета инвестиција во Урбан Инвест, најголемиот производител на бетонски павер елементи и мозаик плочки и скалници во Македонија. Компанијата беше активна и во проектирање и градба на модерни станбени згради како и со конфекционирање и продажба на технички камен “Technistone“.