Микро Инвестициски Фонд (МИФ)​

Портфолио

Biocosmos-01

Аронија

Во Јуни 2013 година MIF ја направи својата прва инвестиција во Аронија, компанија за производство и трговија на органска, природна и здрава храна, вклучувајќи и производство на интегрални колачи и пецива од интегрално брашно според оригинални рецепти, без употреба на конзерванси. Последователно на инвестицијата на МИФ, компанијата значително ги зголеми продажните места во Скопје и на целата територија на Македонија, притоа остварувајќи и значителен раст на продажбата од 131% во 2014 година. Во Септември 2014 година, за да го поддржи брзиот раст на компанијата, со нова инвестиција влезе и нов, поголем  фонд,  приватниот инвестициски фонд СЕАФ Македонија II. Во Септември 2017 година, MIF го продаде својот малцински удел во Аронија и беше направен излез од инвестицијата.

  • Година на основање: 2012
  • МИФ инвестиција: 2013
  • Достигнувања: Пораст на продажбата за 131% уште во првата година.
Geonet_MK

Геонет

Во Февруари 2014 година MIF ја реализираше инвестицијата во Геонет, компанија со широко искуство во сите активности кои се поврзани со имплементација на напредни ГПС решенија кои овозможуваат следење, мониторинг, планирање на движења и зголемена безбедност на возилата од возните паркови на компаниите. За да ги доразвие своите производи, како и да донесе нови производи на пазарот, во Април 2018 година со нова инвестиција влезе и приватниот инвестициски фонд СЕАФ Македонија II. Во Март 2021 година, MIF го продаде својот малцински удел во Геонет и беше направен излез од инвестицијата.

  • Година на основање: 2003
  • МИФ инвестиција: 2014
  • Достигнувања: Ја задржа позицијата на лидер на пазарот на напредни ГПС решенија.
Ekstra Fungi

Екстра Фунги

Во Февруари 2014 година MIF ја реализираше инвестицијата во Екстра Фунги, компанија за откуп, преработка и извоз на диви печурки, шумски плодови (рибизли, боровинки и шипки), овошје (сливи, јагоди, дињи и јаболки), како и други земјоделски производи на странските пазари. Препознавајќи го потенцијалот за раст на компанијата, во Јуни 2019 година со дополнителна инвестиција влезе и приватниот инвестициски фонд СЕАФ Македонија II. Во Јуни 2020 година, MIF го продаде својот малцински удел во Екстра Фунги и беше направен излез од инвестицијата.

  • Година на основање: 2005
  • МИФ инвестиција: 2014
  • Достигнувања: Проширување на асортиманот на преработени производи и зголемување на присуството во сите домашни ланци на маркети, како и постепено продирање на странскиот пазар. Пораст на продажбата за 34% уште во првата година.
Eko_Plast_tehnika-01

Еко Пласт Техника

Во Јуни 2014 година MIF ја реализираше својата инвестицијата во Еко Пласт Техника, компанија со активности кои се поврзани со рециклирање на пластика (ПЕТ отпадни шишиња), од која преку соодветен технолошки процес се добиваат ПЕТ пелети (pet flakes). Еко Пласт е лидер во индустријата за рециклирање на ПЕТ пластика во Македонија, со постојано зголемување на производниот капацитет. Последователно на инвестицијата на МИФ, компанијата постигна значителен раст на продажбата. Во Јули 2019 година и приватниот инвестициски фонд СЕАФ Македонија II со дополнителна инвестиција го поддржа растот на компанијата. Во Март 2019 година, MIF го продаде својот малцински удел во Еко Пласт и беше направен излез од инвестицијата.

  • Година на основање: 2014
  • МИФ инвестиција: 2014
  • Достигнувања: Доопремување на погонот за производство на ПЕТ пелети со повисок квалитет за пласман на пазарите во Европа. Зголемена продажба за 75% уште во првата година.

Цертиадриа

Во Септември 2014 година MIF ја реализираше инвестицијата во Цертиадриа, компанија чија основна дејност е имплементација на професионални образовни и сертификациски услуги и решенија во областа на информационите технологии во Јадранскиот регион. Во Јуни 2019 година, MIF го продаде својот малцински удел во Цертиадриа и беше направен излез од инвестицијата.

  • Година на основање: 2012
  • МИФ инвестиција: 2014
  • Достигнувања: Зголемување на присуството на пазарите надвор од Јадранскиот регион, со 90% зголемена продажба уште во првата година.

Публикум Арт 

Во Август 2016 година MIF ја реализираше инвестицијата во Публикум Арт, компанија чија основна дејност е производство на урбани и модерни “предмети за книжари со мотиви од книги”, вклучувајќи шољи за кафе, свеќи, маици, торби, престилки, готвачи, и сл., отпечатени со уникатни дизајни и цитати од познати книги.

  • Година на основање: 2011
  • МИФ инвестиција: 2016
  • Достигнувања: Пласирање на производите на пазарите во Европа, Америка и Австралија.

Акрон Стакло 

Во Април 2018 година MIF ја реализираше инвестицијата во Акрон Стакло, компанија чија основна дејност е рециклирање на стакло и производство на стаклен колет.

  • Година на основање: 2015
  • МИФ инвестиција: 2018
  • Достигнувања: Набавка на нова опрема за производи со премиум квалитет и проширување на пласманот во Европа и Америка, што директно влијаеше и на зголемување на приходите.

Пакет Маркет

Во Февруари 2019 година МИФ ја реализираше инвестицијата во Пакет Маркет, компанија чија основна дејност е онлајн трговија со намирници за домаќинство со достава до врата – онлајн супермаркет. Во Септември 2021 година, MIF го продаде својот малцински удел во Пакет Маркет и беше направен излез од инвестицијата.

  • Година на основање: 2018
  • МИФ инвестиција: 2019
  • Достигнувања: Проширување на капацитетот преку инвестирање во нова опрема и зголемување на капацитетот за логистика, што директно доведе до брз раст на приходите, односно раст од 83% во првата година и 370% раст на приходите во втората година.