Смалл Инвестмент Фонд (СИФ)

Small Investment Fund (SIF)

СИФ е прв македонски private equity фонд основан во Јули 2007 година во согласност со Македонскиот Закон за Инвестициски Фондови. Во првите 5 години од основањето, фондот беше во фазата на инвестирање и инвестираше во растечките микро, мали и средни компании (компании во рана фаза од својот развој, микро фирми кои прераснале во мали фирми и други мали компании, вклучувајќи ги и т.н „start up” фирми) во различни сектори. Потенцијалните фирми кои беа разгледувани за инвестиција имаа умерен до висок потенцијал за раст, способни менаџери со интегритет, амбиција и постигнати успеси од работењето и беа отворени да учат од СИФ. СИФ превземаше сопственост во компанијата како малцински сопственик. Фондот инвестираше исклучиво средства кои се користат за докапитализација на компаниите, со превземање на малцински удел во тие компании, при што се користеа и други видови на финансиски инструменти. Инвестициите на SIF се движеа во рангот од $50,000 до $150,000. Во моментов, Фондот SIF не е активен бидејќи беше направен излез од сите портфолио компании.