Микро Инвестициски Фонд (МИФ)

Micro Investment Fund (MIF)

МИФ (Micro Investment Fund) е приватен инвестициски фонд формиран во 2012 година,  финансиран од страна на УСАИД. Основната цел на фондот е да го забрза креирањето на нови одржливи работни места преку инвестирање и поддршка на брзорастечки компании со потенцијал за понатамошен раст. Фондот помага во унапредување на деловните перформанси на своите портфолио компании преку подобрување на финансиската структура и советување на менаџментот на компаниите.

Компании кои би биле разгледани за потенцијална инвестиција од страна на МИФ се оние кои имаат:

  • реален потенцијал за раст и развој,
  • потенцијал/атрактивност во индустријата во која компанијата е активна,
  • конкурентската предност и профитабилност на производот,
  • добро организиран и искусен менаџерски тим/сопственици со интегритет, отворени за партнерство, прифаќање на нови идеи и покажување на желба за напредок.
  • успешна историја, како и потенцијал за креирање на одржлив развој и нови работни места.

Големината на инвестициите се движи до 85.000 Еур, без „тврд колатерал” и тоа во компании кои покрај горенаведените критериуми, го исполнуваат и следново:

  • Имаат приходи од продажба не помали од ЕУР 100.000 на годишно ниво;
  • Имаат мнозинска сопственост на Македонски државјани;
  • Делуваат во индустрии кои немаат штетно влијание врз животната средина и општеството, идеално во одржливи сектори.

Структурата на инвестицијата на МИФ е т.н. Мезанин Инвестиција (комбинација на кредит и сопственички капитал). Моделот на мезанин инвестиција ги таргетира постоечките микро и мали компании кои имаат потенцијал за брз раст, а истовремено недоволно колатерал за да добијат банкарски кредит. Фондот е активен партнер во фирмите каде што инвестира и помага во донесувањето на клучните одлуки, како и во креирање на стратегија за развој.

Доколку сте заинтересирани за инвестирање од страна на МИФ, симнете го и пополнетиот прашалник испратете го на info@spmg.com.mk

СПМГ
Орце Николов бр. 188-2/4
1000 Скопје, Македонија

Тел.: (+389 2) 3217 026; 3217 027
Факс: (+389 2) 3217 025
e-mail: info@spmg.com.mk