СПМГ
Орце Николов бр. 188-2/4
1000 Скопје, Македонија
Тел.: (+389 2) 3217 026; 3217 027
Факс: (+389 2) 3217 025
e-mail: info@spmg.com.mk Контактирајте не
1. Private Equity

a) Преглед. Нашето работење со управување со private equity фондови започна во Јуни 2007 година. Главната предност на нашиот тим е нашето големо искуство и успешно реализирани private equity инвестиции во Македонија и пошироко во Балканскиот регион. Инвестицискиот тим има добра репутација и одлично разработена мрежа на контакти во локалната и регионалната деловна заедница. Тимот е обучен да изведува мали и големи инвестиции како во микро, мали и средни претпријатија, така и во големи компании, вклучувајќи и “start up” компании и компании кои се во рана фаза од својот развој во веќе постоечките индустрии, во широк опсег на сектори.

b) Инвестициски пристап. Во основа, private equity фондовите управувани од СПМГ се стремат да генерираат атрактивен поврат на инвестцииите преку инвестирање во портфолио компании кои имаат потенцијал за раст и развој.

c) Додавање Вредност и помош во менаџментот. Во зависност од потребата на компаниите во кои што се инвестира, СПМГ им помага на своите портфолио компании во доменот на својата експертиза (менаџмент). Покрај оваа помош обезбедена директно од страна на СПМГ, можно е да се ангажираат и други компании и експерти за организирање на курсеви за обука на менаџментот на компанијата во која што се инвестира, а можно е и обезбедување на консултанти кои ќе и помогнат на фирмата во сите деловни области, организирање посети на фирми во и надвор од земјата кои имаат слична дејност, пазарни истражувања и други слични активности.

d) Наши Фондови.

(I). Small Investment Fund (SIF) e прв private equity фонд основан во Јули 2007 година во согласност со Македонскиот Закон за Инвестициски Фондови. Во првите 5 години од основањето, фондот беше во фазата на инвестирање и инвестираше во растечките микро, мали и средни компании (компании во рана фаза од својот развој, микро фирми кои прераснале во мали фирми и други мали компании, вклучувајќи ги и т.н “start up” фирми) во различни сектори. Потенцијалните фирми кои беа разгледувани за инвестиција имаа умерен до висок потенцијал за раст, способни менаџери со интегритет, амбиција и постигнати успеси од работењето, кои се отворени да учат од СИФ. Фондот исто така инвестираше во фирми кои се во почетна или рана фаза од својот развој, кои се во сопственост или се управувани од искусни претприемачи отворени за партнерство и соработка. SIF превземаше сопственост во компанијата како малцински сопственик. Фондот инвестираше исклучиво средства кои се користат за докапитализација на компаниите, со превземање на малцински удел во тие компаниии, при што се користеа и други видови на финансиски инструменти. Инвестициите на SIF се движea во рангот од $50,000 до $150,000. Во моментов, Фондот SIF е во фазата на излегување. од портфолио компаниите.

(II). Micro Investment Fund (MIF).
MIF е вториот private equity фонд основан во Јуни 2012 година во согласност со Македонскиот Закон за Инвестициски Фондови. МИФ инвестира во микро и мали компании, станувајќи активен малцински партнер во компанијата во која инвестира и превземајќи најмалку 10% сопственост во истата. Структурата на инвестициите е комбинација од капитално вложување и заем. Износот на инвестициите на МИФ се движи во рангот од $50,000 до $100,000 по компанија. Како потенцијални можни компании за инвестирање се микро и мали компании кои имаат потенцијал за раст и развој, кои се водени од способни менаџери со интегритет, амбиција и постигнати успеси од работењето, отворени за партнерство и транспарентна соработка.

e) Наши Инвеститори.

(I). SEAF/Washington (www.seaf.com) СЕАФ е глобална инвестициска компанија која своето работење го фокусира на давање на капитал за развој на бизниси во брзо растечките пазари како и кај оние на кои им недостасуваат традиционални извори на капитал.

(II). United States Agency for International Development (USAID) (www.usaid.com). Американска агенција за меѓународен развој е независна агенција која дава економска, хуманитарна и развојна помош низ целиот свет со што се поддржуваат надворешните политички цели на САД.

f) Наши Партнери.

(I). SEAF/Washington (www.seaf.com) обезбедува надзор и административна поддршка фондовите управувани од СПМГ.

(II). CEED/Macedonia (www.ceed-macedonia.org). СПМГ ги охрабрува сите претприемачи да стапат во контакт со Македонскиот Центар за развој на претприемачите и менаџерските тимови. CEED/Macedonia е дел од интернационалната мрежа на CEED развојните центри, која е формирана од USAID и SEAF/Washington. Главната активност на развојниот центар на CEED/Macedonia е да им овозможи на претприемачите и нивните менаџерски тимови да ги развијат своите компании преку стекнување на практични знаења, менторство со размена на искуства и меѓународна и регионална деловна соработка. CEED мрежата е застапена во Бугарија, Романија, Словенија, Црна Гора и Македонија.

g) Портфолио компании на SIF

(I). Октобер (www.oktober.com.mk). Во Ноември 2007 година SIF ја направи својата прва инвестиција во Октобер. Компанијата произведува и дистрибуира различни видови на санитетски производи под брендот “Кинг”, како и производи за хигиена и чистење во домаќинството под брендот “Gente di mare”. Во Мај 2015 година, Октобер го откупи уделот на SIF во компанијата.

(II). ИНет (www.inet.com.mk). Во Ноември 2008 година СИФ ја направи својата втора инвестиција во Инет, македонскa компанија за дистрибуција на ИТ опрема и софтвер, со портфолио на производи на реномирани компании Lenovo, Red Hat, SAP, Trend Micro и др.

(III). Урбан Инвест (www.urbaninvest.com.mk). Во Февруари 2009 година СИФ ја направи својата трета инвестиција во Урбан Инвест, најголемиот производител на бетонски павер елементи и мозаик плочки и скалници во Македонија. Активна е и во проектирање и градба на модерни станбени згради како и со конфекционирање и продажба на технички камен “Technistone“.


h) Портфолио компании на MIF

(I).Аронија (www.biocosmos.com.mk). Во Јуни 2013 година MIF ја направи својата прва инвестиција во Аронија, компанија за производство и трговија на органска, природна и здрава храна, вклучувајќи и производство на интегрални колачи и пецива од интегрално брашно според оригинални рецепти, без употреба на конзерванси. Во Септември 2017 година, MIF го продаде својот малцински удел во Аронија и беше направен излез од инвестицијата.

(II).Геонет (www.geonet.com.mk). Во Февруари 2014 година MIF ја реализираше инвестицијата во Геонет, компанија со широко искуство во сите активности кои се поврзани со имплементација на напредни ГПС решенија кои овозможуваат следење, мониторинг и зголемена безбедност на возила, како и планирање на нивните движења.

(III).Екстра Фунги (www.extrafunghi.com). Во Февруари 2014 година MIF ја реализираше инвестицијата во Екстра Фунги, компанија за откуп, преработка и извоз на диви шумски печурки, диви шумски плодови (рибизли, боровинки и шипки), овошје (сливи, јагоди, дињи и јаболки), како и други земјоделски производи на странските пазари.

(IV).Еко Пласт Техника. Во Јуни 2014 година MIF ја реализираше својата инвестицијата во Еко Пласт Техника, компанија со активности кои се поврзани со рециклирање на пластика (ПЕТ отпадни шишиња), од која преку соодветен технолошки процес се добива краен производ (pet flakes).

(V).Цертиадриа (www.certiadria.com). Во Септември 2014 година MIF ја реализираше инвестицијата во Цертиадриа, компанија чија основна дејност е имплементација на професионални образовни и сертификациски услуги и решенија во областа на информационите технологии во Адриатик регионот.

(VI).Далс. Во Март 2015 година MIF ја реализираше инвестицијата во Далс, компанија чија основна дејност е производство на нотеси со спирала и папки за архивирање, како и трговија со канцелариски материјал и школски прибор.

(VII).Публикум Арт (www.publikumart.com). Во Август 2016 година MIF ја реализираше инвестицијата во Публикум Арт, компанија чија основна дејност е производство на урбани и модерни “предмети за книжари со мотиви од книги”, вклучувајќи шољи за кафе, свеќи, маици, торби, престилки, готвачи, и сл., отпечатени со уникатни дизајни и цитати од познати книги.

(VIII).Акрон Стакло (www.staklo.mk). Во Април 2018 година MIF ја реализираше инвестицијата во Акрон Стакло, компанија чија основна дејност е рециклирање на стакло и производство на стаклен колет.



2. Менаџмент Консалтинг

Менаџмент консалтингот е важна дејност на нашата компанија уште од почетокот на нејзиното основање во 2004 година. Ние обезбедуваме совети за компании во областа на менаџментот, деловната стратегијата, маркетинг (вклучувајќи и истражување на пазарот), корпоративно управување и управувачко сметководство. Исто така, СПМГ спроведува и длабинска анализа на претпријатија, дијагностички студии и индустриски анализи, како и давање совети за преструктурирање и реорганизирање на компании.



3. Финансиски Консалтинг

Сегментот за финансиски консалтинг се состои од советувања при спојување и превземање на компании како и обезбедување на агенциски услуги за регионалните private equity фондови:

• Советување за Спојување и Превземање. Од 2004 година СПМГ посредува во преговори на локалните фирми со потенцијалните стратешки и финансиски инвеститори од земјата и странство.

• Посреднички услуги за регионални private equity фондови. СПМГ обезбедува посреднички и консултантнски услуги за неколку private equity фондови активни во регионот на Балканот.


Новости
МИФ ја реализираше деветтата инвестиција
March 01, 2019
МИФ ја реализираше својата деветта инвестиција во Пакет Маркет,
Повеќе ...

МИФ ја реализираше осмата инвестиција
May 02, 2018
МИФ ја реализираше својата осма инвестиција во Акрон Стакло,
Повеќе ...

МИФ ја реализираше седмата инвестиција
October 14, 2016
МИФ ја реализираше својата седма инвестиција во Публикум Арт,
Повеќе ...

Сите новости