Ние сме компанија која управува со „Микро инвестицискиот фонд“ (МИФ) кој вложува во микро и мали просперитетни бизниси со визија за брз раст при што стануваме нивен активен финансиски партнер.
PaketMK
„Со поддршката на МИФ, ги заокруживме нашите капацитети за брза и навремена услуга за онлајн пазарување. Резултатот од нивната инвестиција беше раст на приходите од 370% во втората година од работењето.“
Драган Јосифовски,
сопственик
CertiAdria
„Партнерството со МИФ резултираше во изградба и проширување на мрежата на образовни и сертификациски услуги во областа на ИТ, во јадранскиот регион и пошироко, со што постигнавме раст од 90% уште во првата година од инвестицијата.“
Марко Серафимовски,
управител
Geonet
„Со инвестицијата на МИФ, Геонет го усоврши софтверското решение за поефикасно управување со возните паркови, што овозможи повеќекратно зголемување на бројот на корисници на услугите и задржување на лидерската позиција во овој сегмент.“
Тоде Буцевски,
сопственик и управител
EkoPlast
„Инвестицијата на МИФ ја искористивме за опрема со која почнавме да произведуваме производи со премиум квалитет, што ни овозможи пласман на европскиот и американскиот пазар.“
Александар Пенев,
сопственик и управител
previous arrow
next arrow

Микро Инвестицискиот Фонд (МИФ) може да стане ваш партнер преку инвестирање во вашето претпријатие и да овозможи дополнителна стручна поддршка за менаџментот. Инвестициската рамка со која располага МИФ е до 85.000 евра по инвестиција во компании кои исполнуваат соодветни критериуми.